Македонија

Заев и Анѓушев во посета на Еуроникел индустри: Комбинатот Еуроникел повторно е успешна приказна со стотина милиони евра нови инвестиции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска беа во посета на Еуроникел индустри поранешно Фени Индустри кадешто направија обиколка во производствените погони, поразговараа со работниците и менаџментот и дадоа кратки изјави за медиумите.

„Денеска заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев сме во посета на Еуроникел индустри поранешно Фени индустри, нашиот познат комбинат за производство и извоз на фероникел во кој беше завршена најуспешната стечајна постапка во историјата на нашата држава.

Еуроникел индустри денеска е повторно една успешна приказна и го задржува приматот што го имаше долги години наназад, како најголем извозник на фероникел од Северна Македонија и двигател на македонската економија. Можеме слободно да констатираме дека се надминати сите кризи и затекнати проблеми и повеќе не постои ризик од банкрот со кој се соочуваше компанијата.“, истакна Заев.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни