Зоран Заев и Христијан Мицкоски немаат храброст да се соочат со кандидатот на ДУИ, рече лидерот Ахмети во интервју за ТВ21.
„Говорам хипотетички, според случувањата во македонскиот камп. Ние го изнесовме нашето мислење и со бистра глава влеговме во оваа трка. И за жал, жал ми е што двајцата мои колеги, едниот од ВМРО, другиот од СДСМ , не прифаќаат да се соочат со Насер Зибери“, изјави Али Ахмети во „Изборни дебати“ на ТВ21.
Ахмети додава дека со ова Мицкоски и Заев ја срамат државата во регионот и светот.
.