Премиерот Зоран Заев ја потврди информацијата од руските комичари дека и тој нив ги барал на телефон мислејќи дека е Порошенко. Заев останува на ставот дека нема да поднесе оставка и изјави дека нема да бара одговорност од службите во Владата. Пред новинарите го извади својот мобилен телефон и рече:
– Нема служба што ќе ме спречи мене да разговарам на телефон и преку други комуникациски сретства, директно со сите премиери и претседатели на држави.
Во телефонската комуникација информациите кои ги споделил за Косово, и по барањето на косовската позиција за предвремени избори во Косово.
По ваквите изнесени информации Заев вели дека за Општините за кој тој разговарал му се информации од медиуми, а не од официјални извори и не гледа ништо спорно во тоа.
Премиерот беше прашан дали ќе реагира до бугарскиот колега кој вчера го нарече Северномакедонски премиер, Заев рече дека ќе исконтактира со него и ќе го поправи дека тој е македонски премиер на Република Северна Македонија.
Мирјана Двидовска
