Македонија

Заев: Ќе нема нова амнестија, не верувам дека и претседателот Иванов ќе амнестира

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека же нема нова амнестија во следниот период, додавајќи дека не верува ниту амнестирање од страна на претседателот Ѓорге Иванов чиј мандат наскоро истекува.

„Не верувам дека ќе има амнестија, нема потреба од такво нешто, и нема такви случаи. Ниту некој планирал амнестија. Делот на законот за амнестија се случи во рамките на помирување, кога на државата и требаше 2/3 мнозинство за уставните измени. Парламентот нема потреба да посегнува во вакви работи. Не верувам дека никој од институциите ниту министерството, ниту претседателот Иванов ќе амнестира“, изјави Заев.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни