Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на автопатот на јужниот крак од Коридорот 10. Во придружба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, тој ја истакна благодарноста за поканата и истакна дека се радува на успешните потфати на сите наши соседи.
-Се радуваме за пријателска Србија и нашиот пријателски српски народ. Сега кога гледаме колку изгледа величествено ова модерно автопатско решени.“, изјави Заев, кој додаде дека „нашите граѓани сега имаат автопатско решение од северната до јужната порта на ЕУ.“
„Од Скопје до Белград ќе се патува за три и пол до четири часа. Намалувањето на физичката и временската дистанца меѓу главните градови на двете земји е соодветно на пријателството и блискоста меѓу нашите народи што ја носат во срцата“, истакна Заев.
The post Заев на отворањето на Коридорот 10: Се радуваме на успешните проекти на нашите соседи appeared first on ТВ21.