Заев: Нашето заедничко патување кон подобра иднина штотуку започна

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев ја даде првата изјава после седницата на Собранието на која беше изгласана одлуката за уставни промени вечерва.

„Денеска е историски ден за нашата земја, заедно напишавме историја. Откако огромно мнозиство на граѓаните го кажа својот став на референдумот, денеска Собранието на Македонија следејќи ја волјата на граѓаните со двотретинско мнозиство овозможи да зачекориме кон двете најголеми светски институции.Македонија ќе биде дел од најдобрите. Процесот на НАТО започна, веќе го имаме датумот за ЕУ.

Сакаме најискрено директно да му се заблагoдaрам на секој пратеник, и на оние храбри пратеници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кои се ставија над интересот на партијата, и покрај непотребниот притисок.

Децата ќе бидат горди на нив, сите ќе бидеме горди на нашите пратеници за нивната храброст и гордост. Со вакви одлуки луѓето стануваат хеори.

Ја минавме најголемата пречка, и нашето патување кон поубава иднина штотуку започна.

Имам порака и за оние кои одлучија да го отфрлат гласот. Јас сум сигурен дека и тие наскоро ќе се приклучат, затоа што голем дел од нив се за членство на ЕУ и НАТО“, рече Заев.

Извор: ТВ21