Додека земјата да стане членка на ЕУ, Договорот за стабилизација и асоцијација ќе остане основа за договорот меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ова го истакна Советот за стабилизација-асоцијација пред делегацијата предводена од премиерот, Зоран Заев, придружен од вицепремиерите Османи и Шеќеринска, и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Тие се сретнаа со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и со еврокомесарот Јоханес Хан. Могерини рече дека Северна Македонија во иднина има голема причина да се надева за позитивен сигнал од европските институции, охрабрувајќи до јуни да се исполни планот за реформи. Конкретни резултати се очекува од борбата против корупцијата и организираниот криминал, независноста на судството, реформите во јавната администрација и во безбедносните служби.
-Во периодот пред нас ќе работиме уште повеќе и уште подобро заедно со опозицијата и сите пратеници во Собранието за остварување на сите преостанати задачи, кои може да имаат влијание за одлуките во јуни, но и за подобрување на животот на нашите граѓани. Отворањето на пристапните преговори останува примарна цел на Република Северна Македонија-, нагласи Заев.
-Отворањето на пристапните преговори ги содржи стратешките објективи, не само на Владата, туку на целата земја. Дозволете ми да ви кажам дека од наша страна, ние ја потврдуваме нашата одлучност за поддршка на сите политички сили на Северна Македонија, во постигнувањето на целта, која е загарантирана како во националните, така и во европските цели – изјави Могерини.