Заев: Одговорноста на граѓаните и функционалниот даночен систем обезбедија раст на приходите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, учествуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на даночници и на даночиот систем во Република Македонија.

Премиерот Заев на настанот во организација на Управата за јавни приходи, имаше свое обраќање.

Се вчитува...

„Дозволете ми од името на граѓаните на Република Македонија да ви го честитам денешниот ден и да ви посакам успешна работа и во иднина. Плаќањето на даноците и другите обврски значат – ОДГОВОРНОСТ кон државата. Станува збор за основната функција на државата преку која се обезбедува нејзиното нормално функционирање.

За да имаме квалитетно здравство, современо образование, за да се градат нови болници и амбуланти, нови училишта и градинки, нови патишта и инфраструктура, за да има доволно пари за пензии и плати во јавната администрација, за социјална помош и сите облици на финансиска државна поддршка, за да ни оди државата напред – плаќањето на даноците мора да биде императив како чин на заедништво, човечност и колективна зрелост.

За да одговори државата на обврските кон граѓаните и нивните потреби тие мора да ја исполнат одговорноста кон државата.

Јас искрено верувам во граѓаните на Република Македонија. Оваа година заклучно со октомври, бележиме одлични резултати и имаме зголемување на даночните приходи за 7% во однос на истиот период лани.

Овие резултати се и ваш успех – на даночните работници и Управата за јавни приходи.  Сакам да ви оддадам признание за вашата одлична работа“, рече Заев на обраќањето.

 

Извор: ТВ21