Македонија

Заев: Пендаровски е еден од кандидaтите, разгледуваме 10 кандидати па ќе донесеме одлука

Премиерот Зоран Заев кажа денеска ќе се разгледаат сите 10 кандидати со партиите кои прифатија да се настапи со консензуален претседател и дека е можно уште вечерва да се знае името на кандидатот.

„Стево Пендаровски е еден од кандидатите за кои ќе разговараме. Ние попладне ќе се собереме и разговараме со сите политички партии кои изразија подготвеност да настапиме со консензуален претседател. Десет кандидати разгледуваме, имаме и свои фаворити затоа што граѓаните ни испратија јасна порака што сакаат да видат кај нашиот претседателски кандидати. Ќе ги земеме в предвид сите аналитички аспекти во смисла на тоа идниот претседател да биде претседател на сите граѓани, да го чувствуваат за свој и биде мотивирачки кандидат за излезност на граѓаните. Во 16 часот седнуваме и ги разгледуваме сите кандидати и ќе донесеме заедно мудра одлука “ рече Заев.

Вечерва во 20 часот во хотел „Хилтон“ сите коалициски партии ќе одржат средба по која се очекува да биде соопштено кој ќе биде заеднички кандидат за претседател на владеачката коалиција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни