Македонија

Заев: По Преспанскиот договор шест компании од Грција донесоа одлука да инвестираат во нашата земја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев наедно од прашањата од сесијата за пратенички прашања во Собранието на РСМ за вредноста и бројот на странските инвестиции за последниот квартал за минатата година, како и вкупно за целата 2018, според пресметките на Владатаги кршат сите рекорди  на странски инвестиции од самостојноста на нашата земја до сега.

Овие податоци се очекува наскоро да ги потврди Народната банка, како најрелевантен и независен извор, рече премиерот Заев од наскоро ќе ги потврди Народната банка, како најрелевантен и независен извор, рече премиерот Заев од собраниската говорница, и додаде дека освен 17-те досегашни реализирани странски инвестиции во земјата за само 20 месеци, во последните денови на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, шест компании од Грција донесоа одлука да инвестираат во нашата земја.

„Покрај грчките, имаме дозвола да го објавиме и името на една германска компанија. Тоа е компанијата „Герешајмер“, со инвестиција вредна 120 милиони евра и која за десеттина дена на прес конференција ќе ја соопшти својата намера. Со „Малхотра“ од Индија се завршени формалностите“, истакна премиерот Заев и додаде дека овие резултати се придобивка од решавањето на спорот со Грција, од нашите европски интеграции и од најавеното членство во НАТО, кои обезбедија сигурност и стабилност, од новиот Закон за привлекување странски инвестиции и посветеноста на економските тимови.

Премиерот Заев нагласи дека странските инвестиции во земјата минатата година отворија 4500 добро платени работни места и додаде дека интересот на странските компании да инвестираат, без ниту еден денар за рекламирање и промоција, порасна благодарение на храбрите политики на Владата и на Парламентот.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни