Заев: Посакувам да имаме претседател кој ќе биде татко на нацијата, зад кој ќе застанеме сите

Премиерот Зоран Заев по потпишувањето на договорот за заем за изградба на фотонапонската централа Осломеј во Владата на РМ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека посакува консензуален кандидат за претседател, иако досега не е отворен процесот во врска со утврдување на кандидат за за претстојните претседателски избори, бидејќи во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот и како што напомена веднаш потоа ќе ја отворат дебатата.

„Посакувам да имаме консензуален кандидат од сите. Да имаме човек кој ќе биде татко на нацијата зад кој ќе застанеме сите, рече Заев и додаде дека се надева оти ќе биде избран кандидат за кој ќе биде чест да застанат и да го промивираат како иден претседател на Република Македонија“, одговори Заев.

Се вчитува...

Посочи дека му е драго што има кандидати, но дека ќе треба да се види кои од нив граѓаните ги сакаат и очекува владејачката коалиција да победи на претседателските избори но, како што вели, за одлуката на граѓаните клучна ќе биде личноста на кандидатот.

„Ќе се обидеме да го изнајдеме најдобриот, или најдобрата. Ќе се потрудиме да најдеме кандидат што максимално ќе биде прифатлив за сите граѓани на Република Македонија“,  вели Заев. 

Извор: ТВ21