Македонија

Заев сѐ уште не е подготвен за втората „метла“, Османи: Се прават анализи за работата на секој директор

 Одлуките за смена на директорите и заменици-министрите нема да бидат донесени утре. Пред четири дена, премиерот Зоран Заев, најави дека на 9-ти јули ќе се одлучува за имињата кои ќе бидат опфатени со „метлата“. А, денеска запрашан дали се спремни листите со имињата на оние кои ќе бидат сменети, за ТВ21, со одговор дека „сѐ уште не се подготвени за такво нешто“ и дека се уште разговараат со кандидатите.

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, вели дека ДУИ прави анализа за работата на секој директор и дека во нивната партија ќе започне длабок процес на реформирање.

-Овој процес сѐ уште не заврши. Дебатираме во партијата во однос на овој аспект, но и со коалицискиот партнер за да ги пополниме местата. Така што, во моментов нема нешто конкретно. Разговараме. Во моментот кога ќе има конкретни имиња или промени, јавноста ќе биде информирана навреме-изјави Османи.

Портпаролот на интегративците, не откри кои директори можат да бидат сменети.

Извори на ТВ21 велат дека ова се директорите од редовите на ДУИ кои има шанса да бидат сменети:

  • Вулнет Адеми – директор на Агенцијата за странски инвестиции
  • Ејуп Рустеми- директор на „Македонска пошта“
  • Гајур Кадриу – директор на „Македонија пат“
  • Ирфан Асани – директор на „Македонски железници“
  • Бардил Насуфи – директор на Бирото за јавни набавки
  • Хулуси Беќири – директор за Управата за задолжителни резерви на нафта
  • Руфат Хусеини – директор на Државниот инспекторат за транспорт
  • Шкодране Дардишта – директорка на заеднички служби во Универзитетски клинички центар

Се очекува од своите фотелји да заминат и директори од редовите на другите коалициони партнери. Премиерот најави дека ќе бидат сменети од 20 до 25 директори. Сѐ уште е неизвесно ниту кои заменици-министри ќе бидат опфатени со „метлата“. Сега за сега, оставка поднесе само заменик-министерот за образование, Петар Атанасов.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни