Македонија

Заев: Секој нека ја сноси својата одговорност, го поддржуваме тимот на Јанева

По завршувањето на лидерската средба во изјава за медиумите премиерот Зоран Заев рече дека било разговарано за претседателските избори и идниот тек на реформските закони кои како што вели Заев се многу важни за граѓаните и датум за почеток на преговри со ЕУ.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба со Мицкоски

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба со Мицкоски

Gepostet von TV21 am Sonntag, 10. März 2019

„Политичкиот дијалог продолжува. Ние ќе направиме сѐ процесите да се одвиваат во вистинскиот правец. Имавме конструктивен приод и од Мицкоски. Јас ќе останам позитивен. Ние сме исправени пред сериозни историски одлуки. Секој ќе ја носи својата одговорност. Очекувам преку разговорите на работните групи да се дојде до консензус. Процесот на помирување треба да продолжи. Чувствувам позитивен однос и за тоа од опозицијата. Обврската е заедничка“, рече Заев и додаде дека не прифатил опозицијата да биде предлагач на идниот јавен обвинител.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни