Заев за илегалните активности: Институционално сме подготвени да се справиме со нив - 4NEWS.mk
Поврзи се

Македонија

Заев за илегалните активности: Институционално сме подготвени да се справиме со нив

Царината на Република Северна Македонија овие денови заплени забранети наркотични супстанци и спречи нивно пренесување на територијата на соседните држави. Токму зајакнување на царинските контроли против организираниот криминал, трговијата со оружје и дрога, беа тема на регионалната конференција “Зајакнување на капацитетите и центрите за координирање и интегрирано менаџирање на границите“. Премиерот Зоран Заев рече дека мерките во борбата против организираниот криминал треба да се зголемат и да бидат поефективни.

Во својот говор, амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која рече дека ваквите настани се многу важни и се од полза на државите во размената на најдобрите искуства за интегрирано менаџирање на границите и одржувањето на безбедноста на границите како и подобрување на граничните услуги. Директорот на Царина Танасоски исто така истакна дека граничните услуги во целост се поефективни кога има меѓусебна соработка.

На регионалната конференција за “Зајакнување на капацитетите и центрите за координација и интегрирано менаџирање на границите“ учествуваа и претставници на царинските точки на РСМ, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција, кои што ги споделија најдобрите меѓународни искуства за спречување на организираниот криминал и корупција.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com