Македонија

Заев: За првпат во македонската историја различните застануваат зад еден надпартиски и европски кандидат

– Се обединивме повторно сите. За првпат во македонската историја различните застануваат зад еден кандидат, застануваме сите позади Стево Пендаровски, надпартиски, европски, претседател за сите граѓани на Република Северна Македонија, истакна премиерот Заев вечерва по состанокот со коалициските партии за консензуален кандидат за претседател.

Заев рече дека Стево е човек кој одамна донесе одлука да влече напред, не назад и дека ги избра граѓаните, а воедно и ги позрави останатите фаворити кои беа пријавени на огласот од партијата.

„Изразувам голема благодарност за големината на другите наши кандидати фаворит, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Оливер Спасовски и другите кандидат. Големи луѓе кои одлучија да одработат во Владатаза реформите за граѓаните, одлучија да дадат предност на надпартискиот каднидат“. истакна Заев.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни