Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, пријавата за несреќата била примена во 12:12 часот. Во настанот учествувале патничко возило „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот С.Б., и мотоцикл без регистарски ознаки што го управувал 19-годишниот Н.М. од скопско.

Од здобиените повреди младиот мотоциклист починал на местото на несреќата. Увид извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни