Македонија

Загина 23-годишно лице од Косово – со возилото излетал надвор од коловозот на обиколница во Скопје

На 30.05.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат – обиколница во Скопје, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки, управувано од Х.Ч.(23) од Република Косово, излетало надвор од коловозот.

Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни