Загина 25-годишник: Тешка несреќа на патот Кичево – Охрид!

Млад маж на возраст од 25 години загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралата Кичево-Охрид.

Полицијата информира дека на вчера (05.10.2025) околу 6.30 часот е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над селото Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од селото Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од село Грешница, кичевско.

Како што велат, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „БМВ“, Е.Б.(25) од село Грешница, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.