Нов биланс на жртви од трагедијата во Санто Доминго – најмалку 221 загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“, соопштија властите. Потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Спасувачките тимови извлекоа речиси 200 преживеани од урнатините во вторникот, објави Ројтерс.
Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките служби речиси целосно го пребарале местото на несреќата и дека останува да се пребара мал дел од клубот, пренесе АП.