Македонија

Загинатите кај Крушево се од едно семејство, мајката и едното дете починаа, таткото и другите две деца се со тешки повреди

Загинатите кај Крушево се од едно семејство, мајката и едното дете починаа, таткото и другите две деца се со тешки повреди

Двете загинати лица во сообраќајката на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани се од едно семејство од прилепското село Канатларци.

Станува за 33-годишна мајка и нејзиното 10-годишно дете.

Сопругот (35) пак и другите две деца на возраст од 11 и 12 се со тешки повреди.

Несреќата се случи кај местото викано Студена вода, а возилото поради засега неутврдени причини излетало надвор од коловозот, соопштија од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни