Балкан

Захариева: Промените во Уставот на Македонија не е голема работа, Скопје мора да ги исполни условите

Захариева: Промените во Уставот на Македонија не е голема работа, Скопје мора да ги исполни условите

С Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколу сака да започне преговори за влез во Европската Унија (ЕУ). Ова во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС го вели заменик-претседателката на ГЕРБ Екатерина Захариева, која е заменик-претседател на комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на источниот сосед, во периодот од 2017 до 2021 година.

„Измена на Уставот на РСМ не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа мора да се прифати“, вели поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна пратеничка во 49. Национално собрание на Бугарија.

Таа е категорична дека е корисно двете земји да отворат нова страница во односите.

„И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“, вели Захариева.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни