Поврзи се

Македонија

Закани за екипа на ТВ21 во Арачиново – „Да избришеш се, инаку ветувам дека се ќе скршам“

Published

on

Четири лица, еден од нив висок службеник на политичката партија, со вербални закани за екипата на ТВ21. Скандалот се случи во вторникот пред и во објектот на општина Арачиново, иако ниеден од осомничените не работи во оваа институција. За ова, беше повикана и полицијата да интервенира и го истражува случајот. Екипата на нашата телевизија беше спречена да ја врши својата должност, беше задржана во полиција 5 часа, а не се знае дали се земени на распит осомничените.

„Сите да ги избришеш, инаку ти ветувам дека се ќе скршам! Нема да оставам ништо!(другите се смеат). Нека ме затворат, јас не познавам закони!“.

-Текстот продолжува по рекламата-

 Вака ќе ве пречекаат во Арачиново кога се обидете да известувате за проблемите на граѓаните.

Четири лица, ја спречија екипата на ТВ21, која сакаше да ја посети градоначалничката за да добие одговори околу проблемите на граѓаните!

Но, четворица мажи, ја спречија нашата екипа и сакаа на поинаков начин да ги решат работите.

Посочените лица, како што се гледа на снимките, покажаа сила и психичко насилство врз новинарот и снимателот, и се обидоа  да “им наредат и да ги научат“што смеат, а што не смеат да прават додека се во Арачиново.

Осомничен 1: „Ти се колнам, се ќе скршам! Никој не смее да зборува нешто лошо бидејќи имам пријатели тука!“.

Осомничен 2: Ајде ќе ги избришат, немај гајле!

 Според информациите, ниту еден од осомничените, а ниту политичкиот службеник, не се вработени во општина.

Под закана дека “ќе ја скрши камерата“ и физички ќе го нападне новинарот, овој политички службеник и неговите пријатели ја присилија телевизиската екипа, без нивна согласност, да влезат во општинската зграда и да се договорат како да ги избришат изјавите на граѓаните, кои се жалеле за секојдневните проблеми.

Нашата екипа беше затворена во темна просторија и под психички притисок „затворени“ во општина Арачиново десетина минути.

Во канцеларија продолжи истата реторика и закани.

Осомничен 1: “Каде се, јас ќе ги избришам! Ќе скршам се!

Осомничен 2: Ти се колнам дека тој ќе ги скрши!

Новинарот: Јас треба да одам во телевизија, тие ќе одлучат. Јас имам главен уредник, директор …

Другиот осомничен: Да не згреши па да ги објават . . . овде има еден Ѕ.И. кој ги знае сите работи.

Но, за што се жалеа граѓаните од Арачиново и со какви проблеми се соочуваат?

Кратко и јасно – тие со кои поразговаравме сакаат да бидат снабдени со вода 24 часа и сакаат канализација.

„Не, не, немаме вода, ниту канализација. Мириса лошо и не може да се седи на двор или балкон. Каде е канализацијата, нека дојде да ни каже. Пола Арачиново нема вода. Тоа не е вистина. Треба да се работи, како да кажеме да кога нема ништо“, вели жител на Арачиново.

„Пред да ги земат гласовите, даваат се. Потоа се слободни и не работат ништо. Нема ниту вода, ниту патишта, ниту ништо. Немаат работено ништо. Нешто почнале, но и тоа остана така“, додава друг жител на Арачиново.

„Воопшто не е вистина, ништо воопшто. Немаме ниту улици, ниту канализација, а ниту пак водовод. Факт е дека одат и се фотографираат по палати, не знам каде, дека се купени цевките за вода и канализација, но ги нема никаде. Тоа е друга лага, фантазија за нашите Албанци“, вели жител на Арачиново.

„Немаме ниту вода, ниту канализација. Со бунари сме. Не е вистина“, вели жител на Арачиново.

„Жителите на Арачиново немаат вода ниту за пиење. Тоа нека го знаат сите, и Заев и другите, Арачиново го запоставија. Грев е да немаме вода, срамота. Отпад, Арачиново е полно со отпад, да не се фалат дека работеле. Да бев јас во трка за градоначалник, повеќе би градел во Арачиново“, вели жител на Арачиново“.

 Поради ваквите изјави, тој вели дека има проблем со жителите на Арачиново.

Осомничениот 1: Сите избришиги! Тие другите, овој добро зборува, овој добро зборува.

Новинар: Не, не, можам да ги избришам!

На крајот, за да бидат сигурни дека екипата на ТВ21 нема да шета низ Арачиново без нивна придружба, две лица, ги принудија новинарот и снимателот да се качат во нивниот автомобил и да ги превезат до градот.

Штом се вратија во телевизија, нашата екипа повика полиција и го опиша инцидентот бидејќи се уште продолжија заканите, но овој пат преку телефон.

Полициски службеници беа во Телевизијата и го документираа настанот. Во меѓувреме, осомничениот му се извини на новинарот за навредите и заканите. Полицијата, како што вели, го истражува случајот.

ПОДГОТВИ: РЕДАКЦИЈА ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

Мицкоски: Недржавничко е однесувањето на Заев за избори да има на 5-ти јули

4NEWS.mk

Кривична за кафеаната во која вечерал лидерот на опозицијата

Македонија

„Треба да се прават многуповеќе тестови, серолошки PCR, брзи… да се детектираат сите кластери – потреба ни е вистинска победа на вирусот, а не политичка“, бара Мицкоски

4NEWS.mk

Боки 13 нуди 146 илјади евра за да излезе од затвор

Македонија

Мицкоски: Утре сакам да се постигне датум за избори и оваа тригодишна пандемија на Заев да заврши, но кога имаме троцифрена бројка на новозаразени тоа е невозможно

4NEWS.mk

Големиот број на болни ја одложи дебатата за избори

Македонија

„Чувството на граѓаните е дека политичарите не успеваат да го исполнат она што го ветуваат“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Гужви на пазарите, колони пред маркетите

Македонија

„Мојот мотив е да им кажам на граѓаните дека може поинаку, затоа не ветувам многу, ако погрешам од незнаење ќе се извинам“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Граѓаните револтирани за забраната – владиците на МПЦ обвинуваат за поделби помеѓу верските заедници

4NEWS.mk

Предупредување од докторите: По Ковид-19 доаѓа полошо нешто

Македонија

ВИДЕО: Моментот кога авионите кои го прелетуваа Скопје беа пресретнати од руски “Сухои” над Црното море

4NEWS.mk

Надвор од сончевиот систем е откриена планета слична на нашата

4NEWS.mk

Зибери: На погребот на покојник со КОВИД-19, имало 200 луѓе – семејството не сака да се тестира

4NEWS.mk

Филипче: Можни се поригорозни мерки за задушница

Македонија

Филипче: Или ќе продолжиме да го враќаме животот во нормала, или ќе се враќаме назад кон рестриктивните мерки

Македонија

Јанева: Лежам во притвор поради Камчев, тоа е валкан играч кој мисли дека може секого да купи со пари, ама мене не

4NEWS.mk

Уапсени 7 полицајци во кратовско, правеле журка сред пандемија

4NEWS.mk

Шекеринска: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас, најважно е дали политичарите им служат на граѓаните

4NEWS.mk

Членовите на КЗБ: Најверојатно ќе дојде време за враќање на рестриктивните мерки

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија

4NEWS.mk

Хаварија во ОХИС, неподнослива миризба се шири во околината

Македонија

Сам и со церебрална парализа, во темница, студена соба, со долг од над 200 илјади денари

Реклама