Претседателката на организацијата Хендикеп Плус, Бранкица Димитровска, пред објектот на Министерството за труд и социјална политика се спротивстави на предлог законот што Министерството сака да го донесе за лицата со посебни потреби и пречки во развојот. Според неа, сумата од 7 илјади денари што е предвидена е дискриминирачка.
Според неа, земајќи ги предвид трошоците што ги имаат овие лица, сумата од 7 илјади денари не е доволна. Таа меѓу другото ги обвини институциите за негрижа и не ја исклучи можноста за организирање протести доколку не наидат на разбирање.
Со реакција веднаш излегоа од МТСП. Советникот за социјални прашања, Душан Томшиќ вели дека законот кој е превиден е единствен од овој вид и е меѓу подобрите во Европа.
Според него, законот предвидува лицата со посебни потреби да го користат правото за лична помош и помош во домот. Тој вели дека вакви услуги не постоеле до сега во Македонија и дека за прв пат се воведени од минатата година.
Инаку, предлогот законот за социјална заштита се наоѓа во собраниска процедура, односно на расправа во матичната комисија. Минатата недела во дебатата учествуваа експерти и претставници на невладини организации кај кои владее поделеност.
Некои од нив велат дека законот е солиден, а други пак имаат забелешки.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ