Ако се донесе законот за амнестија кој вчера Министерството за правда го објави јавно, според наши извори, ќе бидат амнестирани:
- Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“
- Сеад Кочан осудениот за случајот „Трансмет“
- Карлито Bриганде осуденик за учество во ИСИС
- Горан Смилевски за грабеж на банка
- Беким Рама, Енсер Сулејмани, Есат Даути…
Министерството за правда го објави! Погледнете го предлог законот за амнестија
Од Министерството за правда велат дека тие немаат список кои од осудените ќе бидат ослободени, односно кои и колкумина сторители на лесни кривични дела ќе бидат ослободени или ќе им се намалат казните за 30 отсто.
Законот за амнестија, по усогласувањето со секторот законодавство, доби зелено зветло од Владата и се очекува деновиве по скратена постапка да влезе во собраниска процедура. Како што веќе објавивме, министерот Лога минатата недела ја напуштил владината седница и се заканил со оставка ако законот не помине на Влада.