Македонија

Законот за дискриминација ќе добие свое европско знаменце

На денешната седница, на предлог на Министерство за труд и социјална
политика е донесена одлука од Собранието на РСМ да се повлече доставениот
Предлог закон за спречување и заштита од дискриминација и беше утврден
Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за спречување и
заштита од дискриминација, кој сега во Собранието ќе оди по скратена
постапка и со европско знаме.

Со новиот текст на Законот се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од
дискриминација при имплементацијата на законот. Во новиот текст на Законот
се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се
дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира
Комисијата за заштита од дискриминација, се менува називот и надлежноста
на комисијата која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита, и се
доуредува начинот на избор и условите за избор на членови.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни