Постепеното бавно закрепнување на папата Франциск продолжува откако пред повеќе од две недели ја напушти римската болница Џемели, каде што се лекуваше од пневмонија, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.
Процесот на закрепнување продолжува, а папата е во добро расположение, пренесува Vatican News.
Како што е наведено, тој прима терапија и ги извршува работните активности, телефонските разговори, а добива и црковна документација. Остатокот од времето папата го поминува во одмор и молитва.
СЛЕДЕТЕ НЕ: