Запален автомобилот на екс директорот на Зоолошка, Галетановски – пожарот зафатил и други две возила!

Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(47) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.