Македонија

Запалена куќа во с.Костурино – пожарникарите на терен

Запалена куќа во с.Костурино – пожарникарите на терен

Пожарникарите од Струмица информираат дека денеска во 10.48 часот во с.Костурино имало запалена куќа.

ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена куќа.

Според нив, во моментот на пристигнување пожарот бил во разгорена фаза и веднаш било пристапено кон негово локализирање со што се спречило ширењето кон околните објекти.

„Пожарот е целосно ликвидиран во 12.40 часот“, велат пожарникарите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни