Запалени две возила во Куманово

На 21.04.2026 во 01:11 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Никола Вапцаров“ во Куманово  настанал пожар во паркирани патнички возила  „опел“  со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Ф.  од Куманово  и  „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.С., а дадено на користење на В.М.. од Куманово.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.