Македонија

Запленети 300 теписони и стази без документација – едно лице уапсено!

Запленети 300 теписони и стази без документација – едно лице уапсено!

На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.

Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.

Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни