Започна дебатата за последниот амандман, Груевски отсутен, Заев доцнеше

Во Комисијата за Уставни прашања започна расправата за амандманот 36 од Уставот на РМ, односно четвртиот и последен амандман за измени на Преамбулата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска не дојде на седницата а премиерот Заев кој доцнеше, ја отвори расправата цитирајќи го член 49, во кој се вели Републиката ги штити правата и интересите на државјаните на Македонија кои живеат во дијаспората.

Заев рече дека ова не ја прецизира етничката припадност туку измената на овој член предвидува грижа за заштита на идентитетот, културата на сите државјани кои живеат надвор од Македонија.

Пратеникот на Движење Беса, Фадиљ Зендели рече дека не се спомнуваат Албанците кои ги има во голем број во дијаспората. Пратеникот на Алијанса за Албанците пак, Сурија Рушити истакна дека не треба да се прави поделба на граѓаните.

Репортер: Аднан Ќаили

Извор: ТВ21