Поврзи се

Балкан

Започна самитот на лидерите на процесот Брдо-Бриони – отсутен само Ѓорге Иванов

Лидерите учесници беа пречекани од претседателот на Албанија, претседателката на Хрватска и од претседателот на Словенија, кои на крајот на Самитот ќе одржат заедничка прес-конференција.

На Самитот, кој се организира под покровителство на претседателот на Албанија, Илир Мета, присуствуваат претседателот на Косово, Хашим Тачи, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателот на Словенија, Борут Пахор, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорак Додик и Шефик Џаферовиќ.

Од друга страна, претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорѓе Иванов, упати писмо до лидерите на Процесот Брдо-Бриони, во кое им се заблагодари за поканата за учество на овој состанок во Тирана, и рече дека нема да може да учествува на состанокот за кој станува збор.

„Поради исклучително краткиот период пред крајот на мојот претседателски мандат и инаугурацијата на новиот претседател на Република Македонија, за жал не можам да учествувам на овој многу важен собир“, нагласи Иванов во неговото писмо.

The post Започна самитот на лидерите на процесот Брдо-Бриони – отсутен само Ѓорге Иванов appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com