Поврзи се

Македонија

Заразен оџа, затворени 8 џамии во градот – болницата во Кичево тешко се справува со ковид-19

Published

on

Болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми.
Во последно време е забележан дефицит на медицински персонал.
Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог. Овие снимки покажуваат како функционирал Одделот за инфектологија во оваа болница, каде може да се види и дека во недостиг на простор, оваа зграда сѐ уште функционира за неколку специјалистички оддели.

-Текстот продолжува по рекламата-

Дека нема инфектолог и дека болничкиот капацитет е недоволен за справување со оваа пандемија, потврдува и директорот на болницата, Станко Трпески.

Како што вели, во Кичево е забележан раст на нови случаи на коронавирус.

Според него, кичевската болница има 12 до 20 кревети наменети за пациенти заразени со Ковид- 19, но сепак како што објаснува, не се соодветни за актуелната состојба.

Во Кичево е регистриран и случај на заразен имам од една џамија, поради што Муфтивството затвори 8 џамии кои се наоѓаат во градот.

„Ги затворивме џамиите бидејќи ако ја затвориме само таа џамија каде колегата беше заразен, рековме дека верниците ќе одат во други џамии. Затоа одлучивме сите 8 џамии во градот да ги затвориме од недела до петок“, посочи Мурат Хусеини.

Бројот на заразени со Ковид-19 бележи раст и во Кичево. Според статистиките на Министерството за здравство досега се регистрирани 30 позитивни случаи, кои поради тешката здравствена состојба се лекуваат на клиниките во Скопје и Битола.

.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија