Македонија

Застанал пред кафитерија во Тетово, испукал неколку куршуми во воздух и заминал

Во една кафитерија во Тетово, денеска се случил инцидент, откако непознато лице со непознато возило застанало и во возудх испукало неколку куршуми. Веднаш била известена полицијата.

„Денеска ( 20 март ) околу 10 часот и 30 минути, во Полициската станица Тетово пријавено е дека на улица „Љуботенска“ во Тетово, пред кафитерија, застанало непознато возило и низ отворениот прозорец, засега непознат сторител со огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.

Нема повредени лица.На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници, преземени се потребните мерки, пронајдени и подигнати за вештачење се три празни чаури од пиштолска муниција и се работи на целосно расчистување на случајот.“, велат од МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни