Затворениците го прекинаа штрајкот, имаат четири барања до Владата

Затворениците од Идризово денеска го прекинаа штрајкот со глад. По средбата на нивните претставници со затворските власти, постигнале договор да го прекинат штрајкот и да го откажат протестот предвиден за утре на нивните роднини пред зградата на Владата.

Меѓутоа, затворениците сѐ уште се држат до нивните барања, а денеска тие барања ги преточија во 4 точки:

Се вчитува...
  • Општа амнестија (за кривични дела за кои дозволува Уставот),
  • Доживотниот затвор да се замени со казна затвор со години,
  • Разгледување на сите дела за кои постои сомнежи дека се монтирани,
  • Регулирање на статусот на странските затвореници во согласност со европските права.

Овие барања во пишана форма ги прифатил директорот на затворот на Идризово, Боби Мојсоски. Тој рече дека овие барање ќе ги испрати до Управата за спроведување на санкции, а потоа до Премиерот, Претседателот на Собранието и Министерот за правда. Но прекинувањето на штрајкот со глад е привремено, ни рече еден од претставниците на затворениците кој денеска бил на средбата со управителите на затворот.

„Доколку не се земат во предвид нашите барања и доколку не запоставуваат во амнестијата која ќе се даде за 27 април, тогаш ние повторно ќе почнеме штрајк со глад и ќе има протести и надвор“, ни рече во телефонска изјава еден од затворениците во Идризово.

Иако не одредија рок, затворениците наскоро очекуваат одговор од Владата. Од понеделникот над 500 затвореници во казнено-поправната установа „Идризово“ започнаа штрајк со глад, со барање да бидат опфатени во законот за амнестија на лицата вклучени во настаните на 27 април, во Собрание. По еден ден, премиерот Зоран Заев рече дека нема да има општа амнестија, туку само за оние од 27 април, кои не вршеле насилство, не биле организатори или осмислувачи. Заев додаде дека Законот за општа амнестија , на почетокот на 2018 година беше спроведен, но таа амнестија според затворениците била селективна.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21