Во Казнено-поправниот дом во Прилеп се изработени нови боксови за сместување на службените кучиња, со што директно се зајакнува и унапредува безбедносниот систем на установата, соопштија од Управата за извршување на санкции.
Зголемувањето на бројот на службени кучиња налагаше и проширување на капацитетите за нивно соодветно сместување. Кучињата активно се ангажираат во обезбедувањето на надворешниот периметар и ѕидовите на затворот.
Изградбата на новите боксови е реализирана во координација со управата на КПД Прилеп, при што биле работно ангажирани самите осудени лица, како дел од редовните активности за поддршка и подобрување на безбедносните услови во установата.