Breaking Бендот „Тотсакан“ загуби 3 члена во пожарот во клубот во Бангкок
Македонија

Заврши самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Заврши самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Многу подоцна од планираното денеска во Брисел заврши самитот на Европската Унија и Западен Балкан.

Средбата траеше речиси четири часа, а беше планирано да трае и до два часа.

Прес-конференцијата по самитот, на која требаше да се обратат лидерите на Европската унија, беше откажана.

На заедничката прес-конференција треба да се обратат лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Димитар Ковачевски, но времето на нејзиниот почеток се уште не е потврдено.

Попладнево во Брисел почнува самитот на Европскиот совет, на кој учествуваат лидерите на ЕУ и шефовите на држави или влади на нејзините земји-членки. Пристигнувањето на учесниците беше најавено во 14.15 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни