„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ – овие историски зборови на Владо Малески, писател и борец во НОВ, ја означија првата емисија на Македонското радио, која прозвуча во етерот на 28 декември 1944 година, за време на Второто заседание на АСНОМ. По повод 81 година од првото емитување, Канал 103 денеска ќе реализира целодневна програмска посвета под наслов „Зборуе Радио Скопје“.
Отворената програма ќе ја поврзе радио архивата со современите експериментални практики и новите генерации автори, со акцент на разновидноста на гласови и формати. Настапи во живо ќе имаат групите Член 16, alone in a crowded room, како и Александар Ордев. Во соработка со Радио МОФ и Моно-тон ќе биде направен преглед на македонските музички изданија објавени во 2025 година.
Програмата започнува во 13 часот и ќе трае до полноќ. Освен на Канал 103, ќе биде емитувана и на Cashmere Radio (Берлин), во рамки на партнерската соработка, како и на ФИЈУК саемот на независно издаваштво.
Следењето на програмата е можно преку веб-страниците: www.kanal103.com.mk и www.cashmereradio.com.