Македонија

Збунувачки семафори во Скопје: Возење според логиката на хаосот

Збунувачки семафори во Скопје: Возење според логиката на хаосот

Возењето низ Скопје бара исклучителна трпеливост, а се чини дека градските власти се одлучни да ја тестираат до крај. Една слика, забележана во скопска Пинтија, на патот кон Драчево, најдобро ја илустрира оваа ситуација.

На неа се гледаат два семафори кои истовремено прикажуваат различни сигнали, создавајќи конфузија и потенцијално опасна ситуација за учесниците во сообраќајот.

Како што може да се види, на семафорите, стрелката за право напред свети зелено, што означува слободен премин но, во исто време свети и стрелка која е црвена, што бара задолжително застанување.

Ова апсурдно и нелогично сигнализирање ги остава возачите на милост и немилост на сопствената проценка и рефлексите, а сообраќајната безбедност е ставена на испит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни