Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош и неговите колеги во Министерството за здравство ја претставија новата реформа во здравството. На самиот почеток на прес-конференцијата тој направи лапсус поради кој публиката прсна во смеа.
„Постојат одредени народни мудрости. Знаеме дека здравиот човек има сто жени…“, рече Берош, а потоа брзо се исправи и рече желби. И тој се насмеа, како и многумина собрани на прес-конференцијата.
– Ова е втор пат, истото го кажав утрово. Ќе се исправиме и ќе кажеме дека болниот човек има само една желба. Секако, тоа е неговото закрепнување – рече тој и со сериозен тон го продолжи своето излагање.
