Македонија

Здравствените установи подготвени за новогодишната ноќ и претстојните празници

Здравствените установи подготвени за новогодишната ноќ и претстојните празници

Во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ, сите клиники, вклучувајќи ги ЈЗУ Универзитетска Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и Универизитетската клиника за токсикологија, како и останатите јавни здравствени установи во државата се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на неопходната здравствена заштита за пациентите, соопшти Министерството за здравство.

По повод претстојните прослави апелирааат на мирно и достоинствено одбележување на новогодишната ноќ, да се внимава со прекумерно внесување храна и умерено користење алкохолни пијалаци, како би се избегнале несаканите последици – алкохолни труења, сообраќајни незгоди и да не се користат разни пиротехнички средства, кои може да предизвикаат тешки телесни повреди.

Од МЗ воедно на граѓаните им посакуваат среќни новогодишни празници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни