Поранешниот министер за образование и наука, Арбр Адеми наместо сериозно да се занимава со образованието, тој трчаше по гласови во изборната единица 2, обивни вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќиир.
Тој во емисија рече дека моментално има кочница токму поради тоа што во изминатиот период воопшто фокусот не бил ставен врз образованието.
„Намсето сериозно да се занимава со образованието, Адеми бркаше гласови во втората изборна единица“, рече Мухамед Зеќири вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.
Во врска со проблемот за вклучувањето на наставниците и учениците на националната платформа за онлајн настава, министерската тврди дека тие ќе бидат надминати за две недели.
Според Министерката за образование учениците кои немаат електронска опрема за да следат настава од дистанца, наставата можат да следат преку МРТВ.
Од СОНК вината за не поседувањето на технички средства од страна на учениците ја префрлува врз општините и училиштата.
Инаку, 40 илјади ученици немаат електронска опрема за да следат настава од дистанца. Националната платформа за онлајн настава беше откриена две недели пред да почне учебната година.
.
