Зеќири: Побарав од Џафери да го прочита заклучокот, но тој чекаше да помине полноќ

На прес-конференција денеска се обрати и пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири кој вината ја префрли кај претседателот Талат Џафери и ДУИ за синоќешните случувања.

„Дали се калкулирало синоќа или не, претседателот Џафери мора да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на прес-конференција.

Неточни се тврдењата дека имало навреди и пцости кон претсдателот. Јас побарав од Џафери пред полноќ да го прочита заклучокот за да може да гласаме, но очигледно Џафери чекаше да помине полноќ, а потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа задоволни. Негова должност беше да овозможи да се гласа пред полноќ“, изјави Зеќири.

Околу понатамошните чекори со коалицијата, Зеќири истакна дека ќе се разговара во партијата, а потоа ќе се излезе со став.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното