Македонија

Зекири: Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата

Зекири: Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири преку Фејсбук информираше дека поднесува неотповикливка оставка од фунцијата.

„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност. Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша на Фејсбук Мухамед Зекири.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни