Зелени велигденски јајца: Еве како да добиете интензивна боја без капка хемија

Изберете природни методи оваа година.

Доколку претпочитате да избегнувате бои од кесички и други слични методи на фарбање јајца, имаме добри вести за вас. Можно е да се добие интензивна зелена боја на сосема природен начин.

Се што ви треба е малку спанаќ!

Можете да користите свеж или замрзнат, резултатите сигурно нема да изостанат.

Постапката никогаш не била поедноставна – само во тенџере ставете го саканиот број јајца со ладна вода, лажица сол и оцет и додадете спанаќ.

Сварете ги јајцата на тивок оган заедно со спанаќот, па оставете ги целосно да се изладат во таа вода. Кога ќе ги извадите, добивате совршена зелена боја на вашите велигденски јајца.

На овој начин, можете да обоите цели јајца, или претходно да ги украсите со трева и да ги завиткате во хулахопки, како кога бојадисувате со кромид.