Зеленски: Будимпешта не е добра локација за состанок за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека идејата за можна средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во Будимпешта нема да биде позитивна за Украина, бидејќи Унгарија ги блокира сите иницијативи што и користат на Украина, и додаде дека планот е да се набават 25 системи „Патриот“. За време на разговорот со новинарите, Зеленски рече дека ја пренел оваа порака и на специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, објави јавната служба на Украина, Суспилна.

„Имаше многу вредни опции – Швајцарија, Австрија, Ватикан, Саудиска Арабија, Катар, Турција. Бидејќи тука зборуваме за мир во Украина, а не за избори во Унгарија. Не верувам дека премиер кој нè блокира насекаде може да донесе нешто позитивно или барем избалансирано“, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека унгарскиот премиер Виктор Орбан промовира проруска реторика, вклучително и тврдења за „безусловна предност на Русија во оваа војна“.