Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека датумот на завршување на војната ќе биде утврден со договор за безбедносни гаранции од страна на Соединетите Американски Држави.
Заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјапков, потсетува дека на американскиот лидер Доналд Трамп ова веќе му било споменато во Енкориџ.
Тој додава дека Владимир Путин, по состанокот, му предложил на Трамп следниот состанок да се одржи во Москва. Сепак, истакнува дека најавената иницијатива нема никаков понатамошен практичен развој.
Во Европската Унија стапи на сила ограничена слобода на движење за руските дипломати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, укажува дека раководството на ЕУ го сочинуваат функционери неспособни да гледаат во иднината и порачува дека Русија никогаш нема да разговара за било што со министерката за надворешни работи, Каја Калас.
