Свет

Зеленски: Демобилизација само по победата

Зеленски: Демобилизација само по победата

Демобилизацијата ќе биде можна дури по завршувањето на војната, а дотогаш е потребна систематска и квалитетна ротација на војниците, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред пратениците во Врховната рада пред гласањето за избор на нова влада.

„Нашиот народ, херои, војници, ќе се вратат дома кога ќе го победиме непријателот, а тоа е (рускиот претседател Владимир) Путин. Нема непријател во нашата земја… Нашите херои заслужуваат квалитетни ротации“, рече Зеленски како одговор на прашања од пратениците, пренесува Укринформ.

Како што претходно објави Укринформ, Министерството за одбрана на Украина изготви три можни предлог-закони за демобилизација во јануари 2025 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни