Свет

Зеленски дојде пешки на заклетва, се ракуваше и се фотографираше со граѓаните

Новиот претседател на Украина Володомир Зеленски се одлучи на заклетвата во украинскиот парламент да дојде пешки. И покрај тоа што има право на возач и на обезбедување, сепак, тој се реши низ паркот да замине во Собранието и да ја положи заклетвата.

Тој во паркот се ракувал со неколку луѓе кои во тој момент биле во парламентот, па дури и се фотографирал со еден од нив.

Веднаш по положувањето на заклетвата, парламентот во Украина се распушти. Пред распуштањето новиот претседател побара од пратениците да гласаат за новиот закон против нелегалното богатење  да го поддржат неговото барање за смена на министерот за одбрана, шефот на безбедносната служба и државниот правобранител. Сите тие се сојузници на досегашниот претседател Петро Порошенко кој загуби убедливо од Зеленски.

На заклетвата рече дека главната цел ќе биде од Украина да направи мирна земја затоа што според него мирот е наважен и прекин на конфликтите.

 

The post Зеленски дојде пешки на заклетва, се ракуваше и се фотографираше со граѓаните appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни