Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека е поканет на Самитот на Г-20 што ќе се одржи во Индонезија.
Зеленски изјави дека имал телефонски повик со индонезискиот претседател Џоко Видодо на неговиот профил на Твитер, „Му се заблагодарив за неговиот отворен став во ОН и неговата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет (на Украина). Разговаравме за безбедноста на храната. Благодарен сум за поканата на Самитот на Г20“.
Самитот на групата Г20, составена од 20-те најголеми светски економии, ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември.
